Mucc: Shion
Еве ме мене после некое време со нова рецензија овој пат се работи за новиот албум на еден од моите омилени јапонски рок бендови (поточно eroguro-kei) MUCC-Shion .

| 1. | Suion |
| 2. | Fukuro no Yurikago |
| 3. | Nuritsubusu nara Enji |
| 4. | Fuzz |
| 5. | Game |
| 6. | Flight – Album ver. - |
| 7. | Anjebel |
| 8. | Chiisana Mado |
| 9. | Semishigure |
| 10. | Shion |
| 11. | Karawasure |
| 12. | Shiva |
| 13. | Libra -Album ver. - |
Албумот е полн со изненадувања иако некои од песните ги знаеме од порано ( Libra, Flight, Fuzz) .Почетокот на албумот, песната Suion, е акустичен и амбиентален. Има некоја своја длабочина која потоа се претопува во семи-фолклорната, мелодична и агресивна Fukurono Yurikago која разбива со својата певност и јака мелодија. Песната делува помалку и мрачно поготово на почетокот кога вокалот пројдува по некакви филтри.
Уште по агресивна и по жестока е песната Nuritsubusu nara Enji. Таа е мелодична како скоро секоја песна на Муку . Енергините рифови на гитари и гласот на Тетсуору ја праваат оваја песна доста интересна и аутентична. Рефренот е ултра-мелодичен и се оделува од песната со таа негова мелодичност и има некаква посебна доза на агресивност во него.
Песната FUZZ остана не променета. Мелодична со некои денс ритам од осумдесетите и сензибилниот глас на Тетсуору. За разлика од незе песната Game е поспора , по тажна и со многи интересни строфи и беквокали а во незин контраст покрај Fuzz е ставена и песната Flight која беше предходно издадена како сингл. Незината весела ска атмосфера го разведрува помалку темното расположение на албумот.
Anjebel ми е една од омилените песни на албумот. Не само што има некоја скоро па и пиштава мелодија која што ствара ведрина туку му дава шанса на Тетсуору да не насмее со своите високи вокали во рефренот
.
Chiisana Mado го враќа темното расположение на албумот. Интересна балада со нешто помалце мелодичност од предходните песни. Semishigure е по енергична од предходната но како да е продолжение на предходната балада иако е доста по жестока и по мелодична и со некоја своја разиграност.
Shion песната по која албумот го добил името. Почнува со доста мистика која се развлекува низ целиот алвум. Можеби ради прекривените вокали а можеби ради тоа што самата мусика има таков тон.
Мелодична, но лесна. Така би ја опишал Sorawasure. Таа како и својата предходничка е окружена со мистика и украсена со преубав , мелодичен и помалце крикав рефрен.
Shiva ни ја враќа енергијата и жестината со своите метал рифови и баш кога ке помислите дека тука нема да се најдат акустични инструменти се уфрлува цел асамбл. Темпото некако ја губи својата жестина и песната останува како некоја сенка во однос на другите. Но затоа на крај е ставена дефинитивно најдобрата песна на албумот која што ке ве одушеви (доколку веќе не сте ја слушнале). Песната од епски размери – Libra.
May 21, 2009 at 7:26 pm
Пора переименовать блог, присвоив название связанное с доменами
может хватит про них?
May 23, 2009 at 8:37 pm
Где-то я это уже видел… А если по теме то спасибо.
May 24, 2009 at 5:34 pm
Кстати, по радио программа была об этом. Не помню, правда на какой волне…
May 28, 2009 at 1:35 pm
Как там у вас с погодой? Давно не писали
May 30, 2009 at 9:48 pm
Отлично написано. Позитива конечно не хватает, но читал на одном дыхании
September 9, 2009 at 8:55 pm
Основная задача Яндекса — давать ответы на вопросы пользователей!