清春: AIBU [愛撫]

Пошто последниот албум на Kiyoharu [清春] ( FOREVER LOVE ) не го рецензирав, сега ке напишам рецензија за неговиот најнов сингл AIBU кој беше издаден 23. Јануари 2008.

01 Aibu [愛撫]
02 Kyouki no STAR DUST [狂気のSTAR DUST]
03 Kagerou [陽炎]

Јас особно 清春 го доживувам како машка верзија на Anna Tsuchiya . Неговата музика е мелодична ,помалце лигава, не премногу агресивна но сепак оригинална те интересна иако некогаш брзо се заборава ради транспарентноста на самиот „вид„ на рок кој таа го зазема.


Овој сингл доста ме изненади. За разлика од предходниот албум тука насловната песна ме “очара„ . Aibu почнува лесно и се прелива во некои убави ритмови со лесни рифови на гитари и мало лигавање на вокалот. Тој патерн ја прати цела песна , рефренот е неприметлив т.е. ке го приметите но ке се прелие во останатиот дел на песната. Тоа е тоа што е одлично во песнава. На неколку пати песната пробува „лажно“ да завриши што можеби не е потребно пошто песната е и така лесна не ни треба некој посебен одмор од незе.

Останатите две песни не се баш толку фасцинантни како Aibu. Тие се сосема транспарентни и паѓаат во сенка. Kyouki no STAR DUST е песна која мене ми е толку слична со некоја песна на Anna Tsuchiya поточно тие каде што е Anna inspi’ Nana, додека содржински побогата од останатите две Kagerou (која уште се и издвојува од предходните) многу е напорна за слушање ради својата успореност . Ритмот дефинитивно немора да биде толку „џези“ спор.

Овој слингл на 清春 по мое мислење би бил сосема солиден кога би ја исфрлиле Kyouki no STAR DUST , те кога малце би го убрзале ритмот на Kagerou но сепак е напредок од предходниот албум или ти FOREVER LOVE .

Leave a Reply