Antic Cafe: Cherry Saku Yuuki PV

Како Антику фан неможев да пропуштам прилика и да го рецензирам (т.е. повеќе објавам моето мислење) за, новиот, видео запис за песната Cherry Saku Yuuki симната од истоимениот (треба да излезе на 27 Фебруари оваа година) сингл.

SAKU YUKI2

Антику се познати по тоа што знаат да развеселат со нивните мелодични и разиграни песни ,но исто така знаат и да фрлат осмех на лице со нивните детски спотови. Овој спот е еден од тие.

Песната Cherry Saku Yuuki е „типична„ Антику песна. Мелодична, разиграна, длабока, нешто што прилега за почетна или завршна песна на некое Аниме. Прекрасен памтлив рефрен ја прати целата песна заедно со интересна мелодиа но сепак ме зивцира малце обидот на Мику да рапува иако многу многу се поправи во своето пеење (секоја чест).

PV-то почнува со разиграно пеење на Мику. Пошто е ова спот дозволено ми е да коментирам изглед. Мику мн го промаши мојот вкус и ова што го носи е ..хмм .. малце премногу пинки и пуфкасто но ајде простено му е пошто во контраст со него Канон само што си го направи изгледот уште подобар. Фризурата е не описливо предобра додека неговиот повезок преку очи (во некој си семи-пират стил) го прави по озбилен (иако и предходно најозбилно изгледаше во споредба со другите членови на бендот). Но да се вратам на спотот.

Saku Yuki 3

Колку што разбрав спотот прати некое предвање кое го држат членовите на нашиот бенд. Додека останатите повторуваат по тоа што го збори Мику (т.е. ја пеат песната? ). Има многу интересен дел каде што една „ученичка„ чите (пее) и кадарот каде што и е снимена фацата одеднаш се менува во кадар со all sweet and innocent фацата на Мику.

SAKU YUKI1

sc4.jpg

sc5.jpg

Исто така и сцената во лабораторито која ке ве насмее до бола посебно ако не сте баш голем фан на „новите членови„.Останатото погледнете го овдека.

Ете ова беше првата рецензија годинава. Се надевам следат уште многу.

Leave a Reply